Ресторанот Pastel Wine & Dine е модерен ресторан во центарот на Скопје, со посебен фокус на љубителите на вкусна храна и убаво вино. Нудиме современ урбан пристап во гастрономијата, односно нашата храна претставува фузија на искуство од традиционални и стари рецепти од Франција и Италија споени со нови и модерни техники на готвење. Според квалитетот на храната, специфичните вкусови и одбраните вина, во овој момент ресторанот Pastel Wine & Dine е можеби единственото место во Скопје каде што ќе доживеете кулинарско искуство како во еден модерен бутик ресторан лоциран во некоја од најголемите светски гастрономски метрополи, а сепак по сосема пристојни цени (погледнете го менито за повеќе детали).