ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТУВАЧ НА ЛЕБ И БЕЛИ ПЕЧИВА



За кого е наменета

Учесниците во програмата потребно е да имаат завршено минимум основно образование со навршени 15 години. Не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од областа на пекарството.

 

Големина на групата

Бројот на учесници во групата нема да надмине 20.

Ви звучи интересно?


ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Времетраење:

1 година (програмата се реализира во период од три до четири месеци)
250 часа од кои:
65 часа – теоретска настава (обука) – еднаш до два пати неделно;
160 часа – практична обука во реални работни услови, во производствен погон – три до четири пати во текот на неделата; и
25 часа евалуација на стекнатите знаења и вештини.

Локација: Скопје

Теоретскиот дел од програмата се изведува во предавална во просторија на компанијата;
Практичната обука се изведува во производствениот погон на компанијата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Цена на обуката: 

27.000,00 МКД (можност за плаќање на три рати)


ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Сертификација

Учесниците кои ги посетувале обуките и истите успешно ги завршиле се стекнуваат со сертификат „Изработувач на леб и бели печива“. Со стекнување на сертификатот учесниците се здобиваат со можност за развој на професионална кариера во пекарската индустрија.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА

Теоретска обука

Овој дел од обуката се однесува на карактеристиките на работното место изработувач на леб и бели печива, суровините кои се вклучени во производството, технолошкиот процес при производство на лебот и белите печива како и запознавање со етичките принципи за работа. Теоретскиот дел од програмата се изведува во компаниските простории под менторство на м-р по технички науки од областа на квалитет и безбедност на храната. Обуката се изведува еднаш до два пати неделно со претходен договор со учесниците.

Практична обука

Практичната обука се однесува на примена на вештини и техники за производство на леб и бели печива. Практичната обука се изведува во производствениот погон на компанијата од три до четири пати во текот на неделата дефиниран со претходен договор меѓу учесниците и менторите. Со цел ефикасност во спроведување на обуката, при практичниот дел учесниците ќе бидат поделени во три групи од  5 до 7 учесници. На секоја од групите ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата на позицијата пекар.

Евалуација

По завршување и на теоретскиот и на практичниот дел од обуката се спроведува евалуација на знаењата и постигнувањата на учесниците. Пред и по завршување на теоретската обука се врши проверка на знаењата со цел да се направи споредба на знаењето, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен практичен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Изработувач на леб и бели печива“.



ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА


Главна цел

Стекнување знаења, стручни компетенции и вештини за примена на техниките во секоја од фазите на технолошкиот процес, при производство на леб и бели печива.

 

Специфичните цели

на програмата имаат за цел учесникот да:
ги разбере можностите за професионална кариера во пекарската индустрија и да ја осознае позицијата Изработувач на леб и бели печива,
се стекне со знаења за правилна примена на мерките за безбедност и здравје при работа,
се стекне со знаења за правилна примена на добрите производствени и хигиенски практики и HACCP принципите,
се стекне со знаења за планирање, подготовка и организирање на работата во поединечни работни единици,
се стекне со знаења за различни видови леб и бели печива, нивна хранлива вредност и својства
се стекне со знаења за правилна примена на рецептури за производство на пекарски производи,
се стекне со знаења за суровини кои се користат при производство на леб и бели печива, нивно правилно ракување и дозволено дозирање во производот,
се стекне со знаења, практики и вештини за секоја од фазите при технолошкиот процес на производство:
подготовка (мерење на суровини) и замесување на тесто,
обработка на замес (развивање, делење, обликување, филување, ферментирање, замрзнување),
печење, ладење и пакување на пекарски производи,
се стекне со знаења за водење евиденција за реализација на работни налози,
се стекне со знаења, практики и вештини за правилно и безбедно користење на опремата и инвентарот на работното место и нивно одржување,
се стекне со свест за одржливост и заштита на работната и животната средина.

 



Пријави се

Вашето Име и Презиме*

Вашиот Email*

Вашиот телефон

Зошто сакате да се пријавите?