Стратешката определба на Пастел – обука Скопје за создавање на современа институција за образование на возрасни од областа на пекарската индустрија го определува програмскиот фокус за работа на институцијата.
Институцијата за образование на возрасни Подружница Пастел – обука Скопје врз основа на член 5 и член 14 од Законот за образование на возрасните „Службен весник на Република Македонија„ бр.7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016 и Статутот на Друштвото за производство, трговија и услуги ДЕПЕТ ДОО Скопје, Подружница ПАСТЕЛ – Обука Скопје на Седница на Управниот Одбор одржана 03.05.2017 ја усвои и донесе Годишната програма за работа на училиштето во учебната 2017/2018 година. Годишната програма за образовната дејност беше разгледана и усвоена од Советот на наставен кадар и истата ќе се применува од 01.09.2017 година.
Подружница Пастел – обука од Скопје се наоѓа на ул. 16-та Македонска бригада бр.18, Скопје, општина Гази Баба. Институцијата за образование на возрасни е основано со Одлуката за организирање подружница бр.03-14 од 11.01.2017, со запишување во Централниот регистар на Република Македонија со број 35020170000903 од 26.01.2017 г. Дејноста на училиштето е верифицирана со решение за верификација на посебна програма УП1.бр.10-3 од 04.04.2017 година издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните на Република Македонија.